Има жени кои поради различен сплет на околности, остануваат без својот принц на бел коњ.
А за вас издвоивме три најважни и најчести причини поради кои некои жени засекогаш остануваат сами.
Првиот тип на жени, на кои оваа судбина им е многу поизвесна од било кои други, се оние кои веруваат во судбина до таа мера што сè околу себе објаснуваат на тој начин. Секаде гледаат одредени знаци, кои биле „испратени од Бога“ или некое друго слично влијание, па на ист начин очекуваат да стигнат и до животниот партнер.
Вториот тип се негативни жени и тоа оние екстремните, на кои чашата секогаш им е полупразна и кои не можат да пронајдат мал зрак светлина ниту во најсончевото утро. Поради таквиот став и опсесивното пронаоѓање недостатоци кај секоја личност која ја познаваат, шансите за животна осаменост се огромни, бидејќи дури и кога ќе ја пронајдат личноста која најмногу им одговара, се фокусираат исклучиво на негативните работи, и секако дека врската трае прекратко.
Третиот и последен тип на жени, се потполна спротивност од вториот тип, а тоа се неконтролирано позитивните личности кои и во најцрната ситуација ќе пронајдат нешто добро. Но, таквиот поглед кон светот го оневозможува реалното согледување на ситуацијата и фокусирање на вистинските проблеми. Затоа, кога и да пронајдат личност која ќе го прифати нивниот темперамент и неограничен оптимизам, таа ќе го искористи нивниот оптимизам за сопствени цели и потоа ќе ги напушти кога повеќе нема да им е потребна.