четврток, 12 ноември 2026
Најново

За пет часа во Скопје фатени 38 возачи под дејство на алкохол

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во акциска контрола на сообраќајната полиција во Скопје во периодот од ноќеска на полноќ до 5 часот изутринава биле запрени 209 возачи, а од нив 38 се казнети затоа што управувале со возило под дејство на алкохол.
-Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 209 возачи, a кај 38 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 38 мерки. Исклучени се 38 возачи од сообраќај, издадени се 38 мандатни платни налози и откриени се 23 останати прекршоци, соопштија од МВР.

Поврзани вести