Нигериец осомничен дека преку интернет прелажал стотици жртви ширум светот за повеќе од 60 милиони долари, уапсен е во Порт Харукурут, на југот на Нигерија, објави денеска Интерпол.„Нигериец стар 40 години, познат под името Мајк стои позади измама вредна повеќе од 60 милиони долари, која погоди стотици луѓе ширум светот“, се наведува во соопштението на меѓународната полициска организација. Во текстот се наведува дека во еден случај една мета со измама била наведена да исплати 15,4 милиони долари.
Осомничениот е уапсен вчера со помош на агенцијата за борба против корупцијата во Нигерија и Комисијата за борба против економски и финансиски престапи, наведува Интерпол.
Според наводите на Интерпол неговата мрежа влегла во поштите на малите и средните фирми низ светот, во Австралија, Канада, Индија, Малезија, Романија, Јужна Африка и САД. Интерпол наведе дека е разоткриена мрежа која состои најмалку 40 членови во Нигерија, Малезија и Јужна Африка, кои обезбедуваат софтвер и учествуваат во измамата.
Обвинетиот исто така имал контакти за перење пари во Кина, Европа и САД. Запленетите компјутери покажуваат дека бил вмешан во низа криминални активности меѓу кои и измами преку мејловите на фирмите и преку сајтовите за барање партнери.
На обвинетиот и уште еден негов соработник, на возраст од 38 години, исто така уапсен во Порт Харукурут, може да им се суди за интернет пиратерија, злосторничко здружување и стекнување пари преку измама.„Нигериец стар 40 години, познат под името Мајк стои позади измама вредна повеќе од 60 милиони долари, која погоди стотици луѓе ширум светот&