Да се донесе закон со кој во сите јавни претпријатија директорите ќе добијат заменици кои ќе раководат со претпријатието во отсуство на директорите, предлага владеачкото мнозинство. И што е уште поважно законот да се донесе по скратена постапка. Тоа, за да биде појасно, би значело дека секое јавно претпријатие ќе добие заменик директор кој ќе вработи свој кабинет, и за него ќе треба да се одвојуваат дополнителни средства за телефон, службено возило, секретарка како и асистенти.
Измените на Законот за јавни претпријатија е предлог на владеачкото мнозинство, а потписници се пратениците Александар Кирацовски од СДСМ, Реџаил Исмаили од ДУИ и Благоја Трпевски.
Неофицијално, според собраниски извори целта на новото законско решение е во сите јавни претпријатија каде има директори од СДСМ, замениците да бидат од ДУИ и обратно, односно ДУИ и СДСМ да си вдомат свои кадри на државна и локална сметка.
Се предлага скандалозна измена на Законот за јавни претпријатија


