четврток, 12 ноември 2026
Најново

Предлог-законот за спречување на корупцијата ќе добие европско знаменце

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На синоќешната владина седница Владата на Република Македонија го повлече Предлог-законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, кој беше во собраниска процедура.
-На оваа седница, Владата на Р.М. донесе одлука да го повлече од Собранието на Р.М., Предлог-закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси и низ повторена владина процедура овој предлог закон, од реформскиот пакет од легислативата, да добие европско знаменце за да се забрза постапката за негово донесување во законодавниот дом и да се избере нова Државна комисија за спречување на корупцијата според новите критериуми утврдени во новото законско решение, се наведува во соопштението од владината прес- служба.

Поврзани вести