При обид да се качи во товарен воз се повредил мигрант

На железничката станица Трубарево потешко е повреден еден мигрант додека се обидел да се качи на товарен воз во движење, кој сообраќал до Гевгелија. Според соопштението на МВР случајот е пријавен синоќа во 23:55 часот. Со него бил уште еден мигрант и додека двајцата се обудувале да се качат на возот при негово тргнување едниот од нив се здобил со тешки телесни повреди. Со Итна медицинска помош повреденото лице билo пренесенo во комплексот клиники “Мајка Тереза“. Вториот мигрант, кој за среќа останал неповреден е однесен во полициската станица Гази Баба за натамошна постапка. На местото на настанот е извршен увид и се работи на расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: