Во Танушевци заглавени десет полицајци

Веќе шести ден поради снежни врнежи десет гранични полицајци се заглавени во полициската станица во село Танушевци, кај границата со Косово, објави ТВ “Алсат“.
Храната на полицајците им е при крај, а движењето им е оневозможено бидејќи снегот достига од 1,5 до 2,5 метри. Телефонските врски повремено се во прекин, а службениците бараат помош од одделот во кој припаѓаат, јавија извори на телевизијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: