четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ако имате пензија пониска од 14.000 денари ослободени сте од плаќање партиципација

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денес министрите ја прифатија Предлог-програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на партиципација за пензионери и за обезбедување на средства за специјалистичко-консултативни и болнички здравствени услуги за корисниците на правото на социјална парична помош во Република Македонија за 2019-та година.
Според програмата, пензионерите кои имаат пензија пониска од 14.000 денари се ослободени од плаќање партиципација при лекувањето во болнички здравствени установи. Корисниците, пак, на правото на социјална парична помош се ослободени од партиципација при користење на специјалистичко-консултативни и болнички здравствени услуги во Република Македонија.

Поврзани вести