Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на ЈП “Македонија пат“, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово-Дебар и Дебар-Струга. Забрана за сообраќај на автобуси има на патот Тетово-Попова Шапка.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.