Груевски си купувал лежерно козметика во елитен трговски центар

Унгарскиот портал 444.hu објави видео снимка од екс премиерот Никола Груевски, како се шета во трговскиот центар WestEndCity, лоциран во центарот на Будимпешта на популарната улица Ваци.
Од снимката може да се забележи дека Груевски бил во шопинг, бидејќи во раката држи ќесе од луксузниот француски бренд L’Оccitane, за козметички производи. На снимката од десна страна, се гледа и продавницата на L’Оccitane.
Порталот објави дека поранешниот премиер осуден за корупција „мирно се шетал во саботата навечер, кога трговскиот центар почнал да се празни, а продавниците да се затвораат“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.