Товарот кој го имаат мајките и емотивната одговорност поврзана со воспитувањето на децата ѝ штетат на психичкото здравје на жената, покажа ново истражување.
Истражувањето кое беше објавено во магазинот Sex Roles покажа дека иако повеќето мажи ги извршуваат домашните работи и се грижат за децата отколку што беше случај во минатото, жените и понатаму управуваат со домаќинството, дури и кога се вработени.
Истражувачи од универзитетот во Аризона и Оклахома се обиделе да дојдат до заклучок дека “невидливата работа” е поврзана со чувството на преоптовареност и чувството на празнина во секојдневниот живот на жената.
Речиси девет од десет жени исто така изјавија дека се одговорни и за други области во семејните рутини како што е на пример грижата за домашните работи. Големиот број на жени сметаат дека тие се главно одговорни за следење на вкупната емотивна состојба на своите деца.
Токму оваа “невидлива работа”, која служи за осигурување на доброто на децата, претставува силна и единствена врска со стресот кај жената. Исто така, оваа состојба може да се поврзи и со незадоволството со животот во бракот или животот во целина.
“Истражувањето покажува дека мајката е првата личност која одговара на проблемите на своите деца. Тоа е многу тешка работа. Може да биде застрашувачки тоа што самостојно донесувате одлуки, што всушност би можело да ги влошат, а не подобрат работите поврзани за среќа на Вашите деца”, стои во истражувањето.
“Иако жените работат помалку физички напорна работа, тие и понатаму се одговорни за тоа секогаш да има прашок за алишта, цела облека да биде навреме исперена и секогаш да има чисти крпи”, вели авторката на истражувањето д-р Луција Цициола.
Жените кои биле задолжени за домаќинство рекле дека биле премногу зафатени со својата улога на родители, имале малку време за себе и се чувствувале исцрпено, пренесува Индепендент.