Многу често кога ќе слушнеме нешто го прифаќаме како вистина без воопшто да размислиме. Мнозинството од овие нешта се негативни и можат да нè измачуваат со години. Затоа добро е да знаете кои се лагите во кои треба да престанете да верувате за конечно да го имате животот што сте го посакувале отсекогаш.
1. Да бидете сами значи да бидете осамени
Да бидете сами не секогаш значи дека сте осамени, а да бидете во врска не секогаш значи дека ќе бидете среќни. Самотијата не може да направи да се чувствувате осамено колку и лошата врска. Ако ситуацијата не е добра и не го чувствувате она што би требало, направете пауза и поминете време со вашиот најдобар пријател – самите себеси. Пронајдете се, ценете ја вашата вредност, а следниот пат кога ќе биде во врска која тоне ќе можете да испивате на сигурно.
2. Среќата доаѓа кога ќе имате сè што сакате
Да бидете среќни не значи да не сакате ништо повеќе, туку да бидете задоволни со она што го имате сега. Исто така треба да бидете трпеливи за нештата што ги сакате. Понекогаш сме толку зафатени обидувајќи се да постигнеме нешто големо што не ги ни забележуваме малите нешта што нè прават среќни. Ценете го она што го имате денес, бидејќи во иднина тоа ќе бидат нештата што ќе ви недостигаат.
3. Болката е нешто што може да се види
Никогаш немојте да ја потценувате болката на некого. Некои луѓе едноставно предобро знаат да ја сокријат. Никогаш не можете да знаете што се случува во нечиј живот. Осудувањето на другите е непотребно губење време. Ако ги осудувате другите, тогаш имате премногу слободно време. Оставете го тоа зад вас и направете нешто значајно.
4. Животот треба да функционира на одреден начин
Вашите мисли можат многу да ве повредат. Го чувствувате она што го чувствувате, а ако му обрнете внимание ќе се чувствувате многу подобро. Имате слобода да избирате како ќе реагирате на што и да се случи. Немојте да размислувате за тоа каков требало да ви биде животот, туку прифатете го. Променете го она што можете да го промените, променете го ставот кон она што не можете да го промените и продолжете напред.
5. Вие би требало да функционирате на одреден начин
Кога ќе престанете да се споредувате со други верзии од себе и кога ќе престанете да се споредувате со други луѓе, дури тогаш ќе почувствувате вистински мир.
6. Само неколку луѓе можат да живеат прекрасен живот
Ако секое утро си кажувате дека денешниот ден ќе биде прекрасен и ако секој ден наоѓате причина да кажете дека денот е прекрасен, тогаш ќе сфатите дека целиот ваш живот е всушност прекрасен.
7. Тешките периоди се непотребни
Понекогаш нештата мораат да бидат лоши пред да станат добри. Понекогаш морате да се ослободите од погрешните луѓе за да направете место за вистинските. Понекогаш мора да се почувствувате слаби за да знаете кога ќе бидете силни. Понекогаш морате да запознаете многу луѓе што ќе ви се допаѓаат пред да ја најдете личноста што ќе ја љубите. Секој тежок период е лекција што ви е навистина потребна.
8. Да бидете силни значи да не чувствувате болка
Во реалноста најсилни се луѓето кои чувствуваат најмногу болка, ја прифаќаат и ја надминуваат. Потребно е да бидете храбри за да заплачете, да го тргнете вашиот товар, а потоа да се вратите во игра, подобри и посилни од кога било.
9. Можете да лажете
Почувствувајте ја љубовта пред да ја изјавите. Почувствувајте благодарност пред да се заблагодарите. Почувствувајте понизност пред да се извинете. Кога ќе почувствувате нешто пред да го кажете, ќе ви бидат потребни помалку зборови. Тогаш ќе знаете дека всушност зборувате од вашето срце.
10. Мечтаењето е губење време
Најголемите дарови се невидливи и ги чувствуваме најдлабоко. Она што можеме да го видиме е всушност само мал дел од она што е возможно. Мечтаењето ви дава можност да видите што се крие под површината, да сфатите што е важно а невидливо. Негде постои нешто неверојатно што чека да биде откриено, само треба да ја пуштите вашата фантазија и да сонувате големо за да го најдете.