Во угостителските објекти во Полошко уапсени 26 танчерки, пејачки…

Од синоќа во 22 часот до 4 часот изутринава полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Тетово во содејство со повеќе организациски единци во МВР, како и надлежни инспекциски служби при УЈП, Трудова и Пазарна инспекција спровеле акциска контрола.
Со контролата биле опфатени пет угостителски објекти во Тетово и Гостивар во кои биле затекнати 39 женски лица. Полицијата привела 26 жeнски лица на возраст од 20 до 46 години. Од нив 13 биле од Македонија, а 26 странски државјанки, и тоа 11 државјанки на Србија, девет на Албанија, четири на Бугарија, и по една државјанка на Босна и Херцеговина и Косово, соопшти МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: