Докторот Јово Бурнески преку својот Фејсбук профил го замоли министерот за здравство, Венко Филипче да формира солидарен фонд, а тој, како што вели, прв ќе ја донира својата докторска плата:
„Ве замолувам господине Венко Филипче и Министерството за здравство веќе долго време да формирате солидарен фонд. Јас како доктор прв ќе ја донирам мојата докторска плата за да им се помогне на сите социјално загрозени категории и на сите граѓани со помали примања кои немаат можност да го платат прегледот на доктор и кои немаат здравствено осигурување, како и сите пациенти кои треба да се лекуваат во странство да бидат покриени.
Доста се нагледав како сиромашните и оние кои немаат пари ни умираат по клиники затоа што немаат пари да платат преглед на доктор. Каде ни се изгуби хуманоста и човечноста кај сите нас“, вели Бурнески во својот статус.