Притисокот е како термометар за здравјето. Висок крвен притисок значи дека вашето срце работи потешко за да ја испумпа крвта. А, тоа е опасно зошто може да предизвика инфаркт, церебрални тромбози или нарушување на работата на бубрезите. Затоа е важно притисокот редовно да се контролира.
Но, како што има болка има и лек. Многумина овој го знаат како милениумски германски рецепт од три моќни состојки: лимон, лук и корен од ѓумбир.
Секоја од овие состојки е исклучително добра за здравјето, но во комбинација прават чуда. Лимонот кој е богат со витамин Ц има и алкални својства кои го регулираат pH нивото во организмот.
Состојки:
4 главици лук
4 см корен од ѓумбир
4 лимони
2 литра вода
Начин на подготовка и употреба:
Лимоните и ѓумбирот убаво измијте ги, и исечете ги лимоните на кришки. Ѓумбирот и лукот излупете ги, и миксајте ги сите состојки додека добиете хомогена течна смеса. Ставете ја смесата во тенџере и загрејте ја, па постепено додавајте ја водата. Откако ќе ја додадете целата вода и содржината ќе зоврие тргнете од оган и оставете да се излади. Наполнете го напитокот во шише и ставете го во фрижидер.
Пијте по една чаша од напитокот секое утро на празен стомак, а препорачливо е да испиете и една чаша два часа пред спиење. На тој начин за кратко време вашите артерии ќе бидат како нови, затоа што маснотиите кои се таложат во нив ќе исчезнат. Притисокот ќе ви се регулира, нема веќе да ви создава проблеми и ќе се чувствувате како нови.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.