Загатката на Ајнштајн: Само 2% од луѓето можат да ја решат, ако сте меѓу нив – секоја чест!

Ова е загатката на Ајнштајн, а тој рекол дека само 2% од луѓето можат да ја решат.
Обидете се.
Прочитајте ја убаво, размислете и пробајте сами да го најдете одговорот.
Ние, истиот ви го пренесуваме во продолжение, но погледнете го дури откако ќе пробате сами да ја решите.
Постојат пет куќи во кои живеат петмина луѓе. Секој има куќа во различна боја, пуши различни цигари, пие различен пијалак и има свое милениче.
Целта е да откриете кој ја има рибата.
1. Англичанецот живее во црвената куќа.
2. Швеѓанецот чува кучиња.
3. Данецот пие чај.
4. Зелената куќа е лево од белата куќа.
5. Сопственикот на зелената куќа пие кафе.
6. Човекот кој пуши Пал Мал одгледува птици.
7. Сопственикот на жолтата куќа пуши Данхил.
8. Човекот кој живее во куќата во центарот пие млеко.
9. Норвежанецот живее во првата куќа.
10. Човекот кој пуши Бленд живее покрај оној кој чува мачки.
11. Човекот кој пуши Блу Мастерс пие пиво.
12. Човекот кој чува коњи живее веднаш до оној кој пуши Данхил.
13. Германецот пуши Принц.
14. Норвежанецот живее покрај сината куќа.
15. Човекот кој пуши Бленд има сосед кој пие вода.
Одговорот е подолу

.

.

.

.

.

.

.

.

.

.

.

.

Германецот!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.