Четиричлено семејство од Скопје може да остане на улица, под отворено небо. Сопственикот на куќата во која семејството живее под кирија, им рекол да се иселат бидејќи решил да ја продава. За семејството Пајазити киријата чинела само 3.000 денари, а сега, како што велат, не можат да најдат друго сместување по таа цена, објави ТВ“21“.
“Во последно време имам проблеми со половината, не земам социјална помош и живеам под кирија. Сопственикот на куќата ме извести дека ќе ја продава куќата и дека треба да ја напуштиме. Од никаде немам приходи, не знам каде да одам. Единствено ни останува да излеземе на улица или во некој парк, немам каде да одам“, рече Башким Пајазити.
Најчесто на трпезата имаат само грав. Честопати храна им нудат соседите и хуманите луѓе.



