На скопската Клиника за гинекологија и акушерство изминатиот месец се родило најголемото бебе во државата. Здравото машко бебе е тешко 5.700 грама и долго 55 сантиметри, и се родило по природен пат.Инаку просечната тежина на бебињата при породување е меѓу 3.000 и 4.000 грама.



