Пензија од 6.000 денари и без ниту еден ден стаж

Сите граѓани постарите од 65 години, без ниту еден ден работен стаж, од годинава ќе можат да добијат пензија. Ова го предвидува Предлог законот за социјална сигурност на старите лица, кој веќе е во Собрание. Ќе се гласа по скратена постапка, а ќе се исплаќа во Центрите за социјална работа. Предвидено е социјалната пензија да изнесува 6.000 денари и еднаш годишно да се усогласува со трошоците на живот.
Според законското решение социјален пензинер може да стане само македонски државјанин кој најмалку 15 години живеел во земјава пред да го поднесе барањето за пеназија,
– да има пријавен пензиски стаж во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија или стаж на осигурување во траење помалку од 15 години.
– да не поседува имот и имотни права од кои може да се издржува;
– да не е корисник на пензија од Република Македонија или вид на исплата по основ на старост, инвалидност или доживување од друга држава;
– да не остварува приходи
– да има македонско државјанство.
Право на ваква пензија нема да можат да добијат граѓаните кои се во брак или живеат во вонбрачна заедница, а чиј партнер веќе добива пензија.
Пензионерите од оваа категорија ќе добиваат по 6.000 денари месечно. Оваа пензија еднаш годишно ќе се усогласува со трошоците на живот. Законот, исто така, предвидува на овие лица да им се дава и надоместок за греење во износ од 1.000 денари во периодот од октомври до март, односно во текот на грејната сезона.
За потсетување, минималната пензија која ја исплаќа Фондот на граѓаните кои имаат најмалку 15 години работен стаж изнесува околу 8 800 денари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.