1/2 кг лупени компири
6 зелени пиперки
3 домати
3 моркови
1 тиквичка
1 главица кромид
1 чаша ориз
1 лажица сечкан магдонос
1 лажица црвен пипер
масло, сол и мелен црн пипер
На загреано масло во тенџере на оган пржете го исечканиот кромид додека се застакли. Додадете ги исечканите пиперки и кратко запржете. Ставете го црвениот пипер и промешајте. Потоа додадете ги парчињата тиквичка и моркови, и пржете додека омекнат. Излупените домати изрендајте ги, додадете ги во тенџерето и динстајте 10-тина минути. На крајот додадете го оризот, посолете и зачинете со црн пипер. Налејте околу 500 мл вода, додадете го магдоносот и покријте го тенџерето со капак. Варете околу 45 минути, повремено промешувајќи го ѓувечот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.