
Кај и да е на “Лудата Марта“ и се ближи крајот. Доживеавме многу временски пресврти, од сонце, високи температури, силно невреме, ветер и пад на температурите. Но и во април, кој се ближи за десетина дена ќе имаме од се по нешто. Покрај сончевите и топли денови во првата половина, од средината на месецот според временската најава на Accuweather, повторно ќе имаме и невреме со пад на температурите. Највисоката прогнозирана температура за четвртиот месец во годината е 24 степени.




