Автобусот со кој средношколци од Средно економското училиште “Васил Антевски Дрен“ од Скопје, тргнале на екскурзија се расипал кај Будимпешта. На агенцијата, која го добила тендерот за екскурзијата, и требале неколку часа за да испрати друг автобус кој ги преземал децата кои останале на пат. Екскурзијата е завршена со тоа што децата се вратиле за Скопје, а од таму за ТВ“Канал 5“ изјавија дека автобусот поминал технички преглед.


