Првоаприлската шега на „Мекдоналдс“ ги разлути купувачите

Еден ресторан на Мекдоналдс во Австралија успеа да налути дел од купувачите со својата првоаприлска шега, но не затоа што билa претерана (како што би очекувале), туку затоа што не е вистинска.
Имено, Мекдоналдс по повод први април објавил вест дека се појавил “McPickle” бургер во кој наместо месо се наоѓаат кисели краставички.
“Љубители на киселите краставички, пристигнува веста која ја чекавте. Пресреќни сме што можеме да најавиме лансирање на нашиот нов бургер наречен “McPickle”. Време е за уживање во сочните, вкусни кисели краставички прекриени со топено сирење, кечап и пециво со сусам. Тоа сигурно ќе биде уживање за сите ваши сетила”, стои во објавата.


Видеото од новиот бургер започналo да се споделува по социјалните мрежи, а многу фанови на Мекдоналдс останале воодушевени дека конечно ќе можат да уживаат во киселите краставички. Затоа, кога дознале дека станува збор само за првоаприлска шега, тие се разлутиле, ги нарекле “сурови” и почнале да го наговараат Мекдоналдс ваквата шега да ја претвори во реалност.
“Ако ова е првоаприлска шега, ќе бидам многу лут”, “Сурово, ова е лага”, “Толку добро изгледа што сум тажна што станува збор за шега”, биле само дел од коментарите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.