За да можат исламистите што е можно подобро да се инфилтрираат во западните држави, Исламската држава за оваа намена издаде специјален прирачник.Следејќи ги тие упатства испечатени на англиски јазик на 58 страни, борците треба на што е можно подобар начин да се вовлечат во одредени општества правејќи се дека се христијани пред да започнат одредени терористички напади.
Така барем тврдат медиумите кои дојдоа во посед на памфлетот „Safety and Security Guidelines for Lone Wolf Mujahideen“.
На борците им се сугерира да се облекуваат во склад со западната мода и да ги „ускладат боите“, да ставаат колонска вода, а не парфем, како и крстови за да мислат дека се христијани.
Islamic State’s (IS, formerly ISIS/ISIL) “Safety and Security Guidelines for Lone Wolf Mujahideen” is as much… https://t.co/REkJKo2y5v
— Huntington Gazette (@thehgazette) January 12, 2016
„Нема сомневање дека денес, во времето на осамените волци, браќата на Западот мора да знаат важни работи за безбедноста со цел упсшено да се изведат операциите“ – пишува во прирачникот.
Се препорачуваат и напади по клубови за да можат гласната музика и недостатокот на места за излез да создадат дополнителна паника.
„Немојте да се поздравувате со вообичаените поздрави коишто ги користат браќата како `Селам алејкум`, туку само кажете `Здраво`“ – пишува во упатството.
Исто така, се напоменува дека прирачникот е објавен на англиски за да им биде што е можно поинтетерсен и покорисен на борците коишто не зборуваат арапски.
Инаку, Европа по ноемврискиот напад во Париз е претпазлива, а неодамна се појавија и прогнози на француските медиуми дека е можно повторување на 11. септември во некои европски земји.Следејќи ги тие упатства испечатени на англиски јазик на 58 страни, борците треба на што е можно подобар начин да се вовлечат во одредени општества



