Фатен е најбараниот наркобос: Мексиканската полиција го уапси Ел Чапо!

Наркобосот Хоакин Гусман, познат како „Ел Чапо“, беше фатен седум месеци откако избега од строго чуван затвор, објави мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието, соопшти Франс Прес.„Мисијата е исполнета: Го фативме. Сакам да ги информирам Мексиканците дека Хоакин Гусман Лоера е уапсен“ – напишал мексиканскиот претседател на социјалната мрежа Твитер.
Во јули 2015 година Хоакин Гусман, којшто се смета за еден од најголемите мексикански наркобосови, избега од строго чуван затвор за втор пат за последните 14 години.
Првото негово бегство датира од 2001 година.
Картелот „Синалоа“, предводен од Гусман, е вистинска империја која ја опфаќа територијата на Северна Америка, Европа и Австралија.
Тој е главен играч во крвавата нарковојна која се води во последните години во Мексико. Се смета дека картелот го контролира поголемиот дел од местата на границата на Мексико со САД низ кои поминува трговијата со дрога.„Мисијата е исполнета: Го фативме. Сакам да ги информирам Мексиканците дека Хоакин Гусман Лоера е уапсен“ – напишал мексиканскиот претс

Пронајдете не на следниве мрежи: