За време на новогодишниот дочек во Германија, во полициската станица во Келн пристигнале рекордни 120 пријави за сексуален напад.Во ноќта меѓу 31. декември и 1. јануари, во близина на главната железничка станица во Келн стотици жени биле ограбени, тепани и сексуално злоупотребувани и мигранти, кои биле под дејство на алкохол.
Шефот на полицијата во Келн истакна дека сторителите се од арапско или северноафриканско потекло.
На интернет се појави видео на кое може да се забележи како група мажи сексуално малтретираат девојка.
Портпаролот на германското Министерство Тобиас Плате, соопштил дека дваесет и девет лица од осомничените се странци, вклучувајќи 18 кандидати за азил во Германија.
Станува збор за деветмина Алжирци, осуммина Мароканци, петмина Иранци, петмина Ирачани, двајца германски државјани, Србин и Американец.
Поголемиот дел од регистрираните престапи во новогодишната ноќ, односно 32 се поврзани со кражби и нанесување тешки телесни повреди, а три се за сексулано насилство.
Видеото е со вознемирувачка содржина
Во ноќта меѓу 31. декември и 1. јануари, во близина на главната железничка станица во Келн стотици жени биле ограбени, тепани и сексуално злоупотре


