Сириската армија лансираше масовна офанзива за уништување на ИСИС (Даеш) во селата кои ја обиколуваат воената авио-база Кувеирес во провинцијата Алепо, известува новинската агенција Фарс.Сириската армија го ослободила селото Нејрах, убивајќи голем број милитанти и уништувајќи го целокупниот арсенал и воена техника на терористите. Силите водени од Дамаск лансираа и ракетен напад и артилериски удари против терористите во селата кои се наоѓаат во близина на базата.
Сириската армија доби и поддршка од Руските авиони, за на крајот успешно да ја ослободат базата Кувеирс по неколку-месечна опсада.
Дополнително, Сириската армија го уништила и командниот штаб на ИСИС убивајќи голем број терористи и команданти во селото Тал Хатабат, лоцирано на истокот од Алепо. Тие исто така уништиле и депо со муниција во регионот Матар ал-Наираб како и рутата преку која терористите се снабдувале во градот Кханасер.
Исто така, операции биле изведени и во ал-Лаирмун, Џамиат ал-Захра и во селото ал-Мансура, лоцирано западно од Алепо.
Сириската армија го ослободила селото Нејрах, убивајќи голем број милитанти и уништувајќи го целокупниот арсенал и воена техника на терористи
Пронајдете не на следниве мрежи:



