Од денеска на жените им е дозволено да гласаат во Саудиска Арабија

Во Саудиска Арабија денеска се одржуваат први избори на кои и жените имаат право да се кандидираат и да гласаат, што е чекор кон намалување на ограничувањата за жените во оваа земја.Според податоците на изборната комисија на Саудиска Арабија, околу 1,5 милиони луѓе постари од 18 години од вкупно 21 милион жители се регистрирале за гласање на денешните локални избори, а меѓу кои 119.000 жени.
Мажите и жените сепак ќе гласаат одвоено на гласачките места.
Саудиска Арабија е исламска монархија каде на жените им е забрането да возат и каде мораат да бидат покриени од глава до пети во јавност. Таа беше последната земја во светот каде само мажите имаа право на глас.
За гласање на денешните избори над 900 жени се кандидираа за позиции во градските совети, додека на местата во 284 совети се кандидираат речиси 6.000 мажи.Според податоците на изборната комисија на Саудиска Арабија, околу 1,5 милиони луѓе постари од 18 години од вкупно 21 милион жители се регистрирале

Пронајдете не на следниве мрежи: