ФАТАЛНА ГРЕШКА: Коалицијата на САД ја бомбардираше сириската војска

Коалицијата на чело на САД вчера изведе воздушен напад на подрачјето на провинцијата Деир ез-Зор, чиј поголем дел се наоѓа под опсада на Исламската држава.Сириската влада соопшти дека најмалку тројца војници настрадаа, а десетици се повредени при нападот, додека се уништени и неколку оклопни возила.
– Сирија жали поради актот на агресија што го изведе коалицијата на чело со САД. Овој акт е спротивен на регулативите на Обединетите нации. Министерството за надворешни работи прати протестни писма до генералниот секретар на ОН и до Советот за безбедност – наведе сириската агенција САНА.
Провинцијата Деир ез-Зор е мошне важна за џихадистите поради многубројните нафтени полиња.Сириската влада соопшти дека најмалку тројца војници настрадаа, а десетици се повредени при нападот, додека се уништени и неколку оклопни возила.

Пронајдете не на следниве мрежи: