„ЛАВЧИЊА НА КАЛИФАТОТ“: Регрутирани деца вршат егзекуции во име на Исламската држава

Исламската држава во четвртокот објави видео-снимка на која шест деца-војници погубуваат членови на сириските безбедносни сили.Видеото прикажува десетгодишни момчиња како учат верски текстови и вежбаат борбени зафати, а шестмина од нив биле избрани да убијат неколку челнови на сириските безбедносни сили.
Лавчиња на калифатот
Децата на снимката трчаат под урната тврдина сѐ додека не ги пронајдат затворениците кои подоцна ги изговараат своите имиња, датумот на раѓање и ја објаснуваат својата улога во прорежимските сили.
Видеото за кое ИД наведува дека е снимено на истокот од сириската покраина Деир Езор, прикажува деца додека погубуваат шест затвореници – петорица биле убиени со огнено, еден со ладно оружје.
Програмата која ИД ја нарече „лавчиња на калифатот“, нуди интензивна воена и верска обука на деца во подрачјата кои се под контрола на таа екстремистичка група во Сирија.
Не ја сокриваат регрутацијата на деца
Според Сирискиот опсерваториум за човекови права, ИД од почетокот на годината има регрутирано повеќе од 1100 деца, а над 50 од нив загинале.
„Загрижувачко е тоа што ИД не го крие овој податок“, изјавил Надим Хурни, кој е борец за човекови права за Блискиот Исток и Северна Африка.Видеото прикажува десетгодишни момчиња како учат верски текстови и вежбаат борбени зафати, а шестмина од нив биле избрани да убијат неколку челнови

Пронајдете не на следниве мрежи: