Како што и самите можете да претпоставите основна состојка во пилешката диета е пилешкото месо. Диетата се држи 7 до 14 дена, а со неа ќе загубите 5 до 7 килограми. Предноста на оваа диета е и во тоа што е добар елиминатор на целулитот и масните наслаги околу стомакот.Дозволени состојки кои треба да преовладуваат во дневното диетно мени се пилешко месо, пилешки колбаси, чиста пилешка салама, месо од мисирка, пилешки дропчиња, интегрален леб (по 1 тост дневно за појадок), марула, јајца, кромид, краставица, брокули, домат, диетен маргарин (1 кафена лажичка) и нискокалорично овошје.
Еве како треба да изгледа дневното мени.
Појадок – 1 парче интегрален леб намачкано со половина лажичка диетален маргарин. 2 варени јајца. 50 г пилешки колбаси/виршли. 1 чаша сок од цеден портокал или лимон (без додаток на шеќер). 1 филџан кафе без шеќер.
Ужина – 1 јаболко, портокал или киви.
Ручек – Половина печено (на грил) пиле (остранете ја кожата). Чинија салата од краставици и домати (половина главица кромид или млад кромид, по желба).
Пилето може да го прелиете со малку маслиново масло и сок од лимон.
Вечера – чинија пилешки дропчиња со салата од марула со ротквички и кромид, или 1 парче интегрален леб со половина лажичка маргарин и пилешка салама, плус 1 варено јајце.
Доколку почувствувате глад за меѓуоброк земете 1 јаболко, киви или портокал, или чинија бистра пилешка супа.
Предложеното дневно мени содржи околу 1.000 калории.


