ПУТИН: Верувам дека НАПАДОТ на авионот се случи поради испорака на НАФТА во Турција!

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека за Русија не е важно тоа што одлуката за соборувањето на рускиот бомбардер Су-24 не ја донел претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, зашто тоа во секој случај било грешка.Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека за Русија не е важно тоа што одлуката за соборувањето на рускиот бомбардер Су-24 не ја донел претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, зашто тоа во секој случај било грешка.
„Слушнавме од турската страна дека одлуката не ја донел претседателот на Турција и дека тоа го одлучиле други луѓе. За нас, гледано во целина,  тоа нема големо значење, важно ни е дека поради ова кривично дело загинаа двајца наши војници “, рече Путин во Париз, каде што се одржа меѓународна конференција за климатските промени.
Русија има основа да верува дека рускиот авион  Су-24 е нападнат за да би можела Исламската држава безбедно да испорачува нафта во Турција, рече Путин.
„Имаме основа да веруваме дека одлуката да се нападне нашиот авион е диктиран од желбата да се обезбедат патишта за испорака на нафта на територијата на Турција, односно пристаништа од кој е истоварена во танкери”, рече рускиот претседател.
Рускиот претседател, исто така, рече дека му е многу жал за влошувањето на односите со Турција, бидејќи лично се залага за зајакнување на нив.
„Мислам дека на сите ни е жал. И мене лично ми е многу жал, бидејќи јас многу направив за тие односи  да се изградат во текот на долг период “, рече Путин на прашањето дали му е жал поради поради влошувањето на односите со Турција, ако се земе предвид  дека нивото на тоа партнерство беше извонредно.
Според рускиот претседател, голем број од неговите колеги се согласиле со тезата дека немало потреба да се напаѓа Су-24, бидејќи тој не претставувал закана на Турција.
Путин додаде дека тој не се видел со Ердоган во Париз.
Рускиот претседател, исто така, рече дека соборувањето на рускиот авион Су-24 беше тема на сите негови билатерални разговори во францускиот главен град, додека поголемиот дел од вниманието на сите средби беше Сирија и во решавањето на кризата во таа земја.
По средбата во Париз се создадоа предуслови за изнаоѓање на повеќе заеднички ставови за разговорите во Виена за Сирија и сите партии се обврзаа на политичко решение на кризата во земјата од Блискиот Исток, изјави Путин.Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека за Русија не е важно тоа што одлуката за соборувањето на рускиот бомбардер Су-24 не ја донел претсед

Пронајдете не на следниве мрежи: