Следниот вторник, денот на доаѓањето на Папата во Скопје сепак ќе биде неработен ден, дознава Скопје Инфо од добро упатени владини извори. Информацијата официјално ќе биде соопштена во понеделник.
Од Владата на Република Северна Македонија сеуште официјално не ја потврдуваат веста. Информацијата дека вторник ќе биде прогласен за неработен ден е одложена поради вториот круг од изборите и стравувањето дека голем дел од граѓаните неработниот ден ќе го спојат со викендот што директно ќе влијае на излезеноста и цензусот во вториот изборен круг.
За време на Апостолската посета на Папата Франциск, на територијата на град Скопје ќе важат посебни правила за движење на автомобили и на пешаците низ Скопје.