Само на територијата на Скопје се регистрирани 43 нови случаи со морбили, а 67 нови случаи се регистрирани во 11 други градови низ Македонија. По Скопје, по број на нови регистрирани случаи со морбили следат Куманово, Тетово и Струга.
Најпогодени се децата под едногодишна возраст. Од прогласувањето на епидемијата, до минатата седмица регистрирани се вкупно 1393 случаи на морбили (мали сипаници).