четврток, 12 ноември 2026
Најново

Градски кризен штаб: Скопје подготвено за бурата “Андреа“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Град Скопје во пресрет на бурата “Андреа“ што се очекува да го зафати регионот во наредните денови и да донесе обилни врнежи од дожд со количина од 50 до 80 милиметри на метар квадратен заседаваше вонредниот кризен штаб со кој што претседаваше Душко Весковски, директор на ЈП “Водовод и канализација“.
Како што соопшти Град Скопје на состанокот беа координирани активностите и се поделија обврските помеѓу јавните претпријатија, противпожарната бригада, инспекциските служби, и останатите општински и државни институции. Екипите на “Водовод и канализација“ пред почетокот на бурата ги проверуваат шахтите и одводите на критичните точки низ градот, додека екипите на ЈП “Улици и патишта” главните одводни канали во Скопје.
Од Град Скопје апелираат на исклучување на пумпите на градежните јами, а граѓаните да ги пријавуваат проблемите на 193 и да не паркираат под дрвореди и близу одводните канали. Дополнително, во случај на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Поврзани вести