Новороденче најдено во парк сместено на Клиниката за детски болести

Вчера со возило на Итна медицинска помош на Клиниката за детски болести донесено е новороденче најдено во скопската населба Топанско поле. Новороденчето го пронашол случаен минувач, а бебето било оставено во парк, без облека.
– Се работи за машко новородено, со родилна тежина 2.400 гр, згрижено е на одделот за неонатологија, неговата здравствена состојба е добра, превземени се сите неопходни мерки за вакви случаеви, соопштија од Клиниката за детски болести.
Полицијата работи на откривање на идентитетот на мајката и околностите во кои новороденчето било оставено во тревата веднаш по раѓањето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.