Заклучно со денес регистрирани се вкупно 105 нови случаи на морбили. Од нив 49 се од Скопје, а 56 од другите градови низ републикава. Денес д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство информираше дека до сега вкупно со ова заболување се регистрирани 1.625 пациенти. Како што вели тој ова е најголема бројка на заболени од морбили во последниве 25 години. Што се однесува до најновите 105 случаи, Караџовски потенцираше дека 77,1 процент се невакцинирани лица, вакцинирани само со една доза или лица за кои воопшто нема податок за вакцинален статус.
– Досега вкупно 27.000 лица се вакцинирани од почетокот на епидемијата, меѓутоа уште 15.600 лица се подложни на вакцинација, чувствителни на вирусот, а досега не се вакцинирани. Токму затоа, како епидемиолог, апелирам да се продолжи со вакцинацијата, истакнал д-р Караџовски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.