8 причини зошто треба да останете сингл во овој момент

Во одредени периоди од животот е добро да бидете сингл, па не очајувајте и посветете се на некои лични достигнувања додека го најдете вистинскиот партнер.
Многумина мислат дека кога се во врска се целосни, но всушност врските не се за секого во секое време.
Понекогаш, на секој му е потребен одмор од врски, во кој ќе почувствуваат слобода и ќе можат да се фокусираат на други работи.
Постојат неколку добри причини зошто е добро да останете сингл одреден период, со цел да се посветите на некои други цели, или пак да си дадете простор целосно да ги излечите раните од минатото.


Неколку причини зошто некогаш е добро да останете сингл одреден период:
– Неодамна сте поминале низ лошо раскинување
– Уште имате силни чувства за бившиот и не знаете што сакате
– Имате хаотичен распоред и немате време за врска
– Имате кариера која бара многу посветеност и жртви од вас во моментот
– Досега цело време сте биле во врска и не се познавате себеси надвор од врска – време е да се запознаете сами себе


– Поминувате низ големи животни промени кои не сакате никој да ви ги попречува
– Не сте сигурни што сакате од животот
– Не си ја знаете сопствената вредност и време е да поработите на себе

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.