Чупавци

5 јајца
100 г шеќер
100 г брашно
80 г растопен путер
1 прашок за печиво
1 лажица екстракт од ванила
300 г чоколадо
130 мл слатка павлака
2 лажици кокосово брашно
џем по вкус
Жолчките изматете ги со шеќерот. Додадете ги екстрактот, брашното, прашокот за печиво и путерот. На крајот додадете ги изматените белки и благо промешајте ја смесата. Ставете ја во тава и печете 15 минути на 180 степени.
Загрејте ја слатката павлака, но внимавајте да не зоврие. Чоколадото искршете го на коцки, прелијте го со павлаката и добро промешајте за да се растопи.
Изладениот пандишпан исечете го на половина и првата кора премачкајте ја со џем. Прекријте со втората кора пандишпан, прелијте со чоколадото и наросете кокосово брашно. Изладете и послужете го колачот исечен на коцки или како сладолед.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.