Микрофонот остана вклучен: Еве што побара Меркел од Закерберг

За што разговараа Меркел и Закерберг? Германската канцеларка Ангела Меркел и основачот на Фејсбук Марк Закерберг разговараа покрај вклучен микрофон на Генералното собрание на ОН, што се одржува во Њујорк.Темата на разговорот наводно бил говорот на омраза на социјалните мрежи, за чиешто сузбивање подеднакво се заинтересирани и Закерберг и Меркел.
Кратката размена била фатена во преносот во живо на станиците на ОН, кога тие двајцата разговарале во близина на вклучени микрофони.
Имаме уште работа што треба да ја завршиме, рекол Закерберг.
Работите на тоа? , прашала Меркел.
Да, вратил основачот на Фејсбук.
Канцеларката за германските медиуми го коментираше проблемот со говорот на омраза на социјалните мрежи.
„Кога луѓето шират говор на омраза на социјалните мрежи користејќи го сопственото име, не би требало да реагира само државата, туку и Фејсбук, кој мора да преземе нешто против тие луѓе“, изјави Меркел.
Германкиот министер за правда Хеико Мас неодамна во Берлин имал средба со претставниците на Фејсбук по повод ксенофобичните коментари што почнаа да се шират на социјалните мрежи поради бегалската криза. Фејсбук даде ветување дека ќе поработи на делот што се однесува на говорот на омраза.Темата на разговорот наводно бил говорот на омраза на социјалните мрежи, за чиешто сузбивање подеднакво се заинтересирани и Закерберг и Меркел.

Пронајдете не на следниве мрежи: