Автомобил падна во море на пристаниште во Сплит

Автомобил со словенечки регистерски таблички падна во море на сплитското пристаниште, пренесува „24сата“.
Како што наведува порталот, автомобилот плутал извесно време, а потоа почнал да тоне.
Oчевидците раскажуваат дека патниците го напуштиле возилото пред да падне во морето.
По неколку часа автомобилот бил успешно извлечен.

Пронајдете не на следниве мрежи: