Голем пожар на островот Паг, евакуирани 10.000 луѓе

Голем пожар избувна синоќа околу еден часот по полноќ во шумата на плажата Зрќе, кај градот Новаља на хрватскиот остров Паг, соопшти тамошната полиција. Пожарот го гаснат три авиони и голем број пожарникари. Силната бура го отежнува гаснењето на огнот, кој се проширил до патот Новаља – Паг, а илјадници луѓе се евакуирани.
Како што изјави портпаролката на полициската управа на личко-сењската жупанија, Маја Брозичевиќ, евакуирани се околу 10.000 лица, бидејќи на местото зафатено од пожарот се одржувал Фреш Ајланд фестивалот.

Пронајдете не на следниве мрежи: