Новинарот Бранко Героски најави дека во понеделник ќе открие кои се Кики и Фрики? Тој прв го обелодени “Рекет“, во своите колумни користеше псевдоними, па Коки беше Бојан Јовановски, а Зоки, Зоран Милески Кичеец. За Кики и Фрики Героски откри дека се политичари, дел од владејачката гарнитура. Се работи за пратеници, од кои едниот до неодамна бил на висока партиска позиција, а другиот пак бил на висока државна функција.
Вчера премиерот Зоран Заев изјави дека за него Кики и Фрики не постојат, и ги повика новинарите да ги објавеле имињата на Кики и Фрики, за истите да можат да тужат.
– Кога ќе ги соопштите со име и со презиме, јавно, за да можат да ве тужат, вас новинарите или слично, тогаш ќе разговараме за име и за презиме. Кики и Фрики за мене не постојат. Треба да ги соопштите заради тоа што кога е истражувачко новинарство, тоа е креативно, треба да носи со себе и храброст. Изволте, секој да го истакнете ако има сомневање. Мотивирам, апелирам за истражувачко новинарство, рече Заев, на што Героски одговори:
– Ај в понеделник ќе ви кажам кои се Фрики и Кики.


