Сладолед со малини

Состојки
200 мл слатка павлака
200 гр засладено кондензирано млеко
100 гр кисела павлака
200 гр свежи малини

Малинаста сладоледна фантазија…..
Подготовка
1. Малините ги блендираме, па ги процедуваме од семчињата.
2. Слатката павлака ја матиме со миксер до згуснување.
3. Ја додаваме киселата павлака и промешуваме. На крајот кога ќе се соединети, го додаваме пирето од малини.
4. Нежно промешуваме за да ни биде шарен сладоледот.
5. Оставете го во замрзнувач да се стегне и излади.
Забелешка
Ако сакате сосема да ви биде розев т.е.малинаст сладоледот кога ќе го додадете пирето од малини, убаво со миксер соединете ја смесата.
Овој сладолед може да го подготвите и во апарат за сладолед.
По желба и вкус можете да додадете шеќер.

Пронајдете не на следниве мрежи: