ФОТО: Каков им беше животот на 21 христијани кои беа обезглавени од ИСИС?

Смртта е „насекаде“ во Ал Аоур,откако видеото на ИД излезе во јавност на кое се гледа како џихадистите обезглавуваат 21 христијанин-Копт.Егзекутираните мажи биле работници кои со месеци не биле вратени дома, а тешко заработените пари ги праќале на своите многучлени семејства.
Тие ги оставиле своите семејства во импровизирани куќи и заминале во Либија за да заработат за подобар живот.
Наместо тоа, тие таму наишле на џихадистичка група, која како да е пресликана од најтемните кругови на пеколот, која ги заробила и ги убила на најнечовечен начин, само поради тоа што биле христијани.
Иако ИД која пустоши во Либија, егзекутира и миуслимани, со последното пропагандно видео јасно покажа дека најголемата закана ја гледаат во христијаните и христијанството како религија.
Преживеаните раскажуваат за хоророт
На 3-ти јануари околу 2:30 по полноќ, во Сирте, град на либискиот брег, маскирани вооружени мажи започанале да тропаат по вратите на куќите.
Како што пренесуваат преживеаните, вооружените џихадисти барале христијани-Копти, кои имале традиционални тетоважи на нивните раце, по кои ги препознавале. Некои од нив биле влечени од своите кревети додека уште биле во длабок сон. Останатите се криеле и се молеле да преживеат и тие а и заробените христијани. Но кога го виделе страшното видео, на кое е прикажаната нечовечната егзекуција на 21-от христијанин, сфатиле дека ниту една молитва нема да им помогне.
Сепак, во нивното село, како што ги споменуваат мештаните, тие нема да бидат запаметени со ужасната слика од нивната егзекуција, туку како прекрасни родители и пријатели, сопружници, синови….
Дел од семејствата на егзекутираните христијани, раскажуваат за нивниот живот: „Тие се во рајот“.

Хани Абдел Мессихах (32)

-Хани ги обожуваше своите четири деца (три девојчиња и едно момче) повеќе од се на светот. Тој беше мирен и љубезен и секогаш правеше шеги. Јас секогаш ќе се сеќавам на неговата насмевка, објаснува неговата жена Магда (29).
Магда објаснува дека секогаш ќе се сеќава на последниот разговор што го имала со својот сопруг.
-Тој се јави за Нова Година и сакаше да зборува со сите деца. Мене ми кажа неколку мили зборови. Ме праша дали сакам и дали ми треба нешто, било што. Рече дека што и да е ќе го најде и ќе ми го испрати. Јас му реков дека сакам само да биде безбеден, објаснува тивко и низ солзи неговата вдовица.
Џозев Шукри (24)

Џозев бил тивко момче со срце на детенце, вака го опишуваат членовите на неговото семејство. Се што сакал, додаваат тие, е да собере пари и да оформи семејство.
Откако ја напуштил армијата, по завршувањето на средното училиште, во нивното место немало многу опции за вработување, а границата со Либија била многу блиску.
-Јас го молев да не заминува, но не ме слушаше. Татко му, му даде храброст за да замине. Тој пред да замине рече: Јас имам еден Бог и тука и таму, објаснува неговата ожалостена мајка.
Товардрос Јусуф (42)

Неговиот брат, Бебави, се сеќава на последниот разговор со својот починат брат, татко на три деца.
Се сеќава дека му се јавил за да го праша како е, а тој му рекол дека сака што поскоро да се врати дома, бидејќи имал претчувтсво оти нешто ќе му се случи.
-Ние му рековме да почека. Само поради тоа што сакаше да се врати за Нова Година, така ќе дознаеа дека е христијанин. Само поради тоа, да почека да помине Нова Година па да се врати, објаснува Бебави.Егзекутираните мажи биле работници кои со месеци не биле вратени дома, а тешко заработените пари ги праќале на своите многучлени семејства.

Пронајдете не на следниве мрежи: