четврток, 12 ноември 2026
Најново

Нема потврда за доставена оставка од Катица Јанева

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Советот на јавни обвинители не е пристигнат ниту имаат сигнали дека ќе пристигне допис за активирање на условната оставка од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, што, како што објавија, некои медиуми вчера го доставила од затворот Скопје, каде е во притвор за предметот “Рекет“.
– Се уште не е пристигнат допис. Доколку пристигне јавноста ќе биде известена, информира за МИА Ацо Колевски претседател на Советот на јавни обвинители.
Според објавите во медиумите, дописот го испратиле вчера попладне, а од Советот вчера информираа дека до крајот на работниот ден не е пристигнат допис. Колевски кажа дека доколку пристигне тие веднаш ќе го разгледаат и ќе одлучат како ќе постапат.
Разрешување на Јанева вчера едногласно препорача собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата поради несовесно, нестручно и незаконито раководење со институцијата.

 

Поврзани вести