четврток, 12 ноември 2026
Најново

Поголема група луѓе ги нападнала вработените во Градската болница во Скопје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поголема група луѓе нападнале лекари, сестри и болничари во Градската болница “Климент Охридски“ во Скопје.
Како што потврдиле за ТВ “Канал5“ во болницата бил донесен пациент со исекотина, а веднаш по него упаднала групата која го нападнала персоналот. Инцидентот се случил помеѓу 2 и 3 часот по полноќ. Болницата била затворена за пациенти за да не се случи уште некој инцидент.
Од утрово Градската болница повторно е отворена. Неофицијално, во инцидентот има и приведени, а од МВР рекле дека подоцна ќе соопштат детали за инцидентот.

Поврзани вести