ММФ соопшти дека нема преговарано со Грција за отпис на долгот

– Постои утврдена рамка за долгот во сегашната програма за спас и нема преговори за нејзина промена, соопшти Фондот.Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), денеска соопшти дека досега нема преговарано со Атина за отпис на долгот на земјата кон оваа финансиска институција, која заедно со ЕУ и Европската централна банка ја сочинува „тројката“ кредитори на Грција.
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во изјава за италијанскиот весник „Република“ рече дека Атина започнала преговори со ММФ во врска со нејзиниот предлог за замена на грчкиот долг за државни обврзници, како дел од напорите на новата Влада за негово преструктуирање.
Во рамки на програмата за спас која е одобрена од „тројката“ кредитори, на Грција во 2010 година ѝ беше одборена позајмица од 240 милијарди долари, во замена за спроведување на строги мерки на штедење и приватизација на државните претпријатија.
Меѓутоа, новата грчка Влада најави олабавување на мерките за штедење, зголемување на минималната плата, запирање на приватизацијата на спорните јавни претпријатија, повторно воведување на укинатиот бонус за Божиќ и враќање на работа на отпуштените работници од јавниот сектор.Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), денеска соопшти дека досега нема преговарано со Атина за отпис на долгот на земјата кон оваа финансиска институ

Пронајдете не на следниве мрежи: