ТУРЦИЈА ВО ШОК: Темели од древна православна црква „испливаа“ после 1500 години

Истражувачите и жителите на византискиот град Изник, некогашна Никеја во турската провинција Бурса, биле изненадени кога под површината на езерото се појавиле темели на некогашна византиска православна црква, која е стара околу 1500 години.Тоа само ја потврдило легендата за постоење на голема историска црква која датира уште од четври век, а која е посветена на апостолот Павле.
-Темелите се појавиле два метри во длабочината на околу 22 метри од брегот. Историските податоци говорат дека изградбата на оваа црква е започната од дамнешната 313 а дека е завршена околу 500 година рекол професорот Мустафа Сахин од Отсекот за археологија на Универзитетот Улудаг во Бурса.
Тој навел и дека на местото на кое „изникнала“ црквата би требало да лежат и темелите на локалниот парламент од римски период, бидејќи според историјата токму покрај него бил изграден овој православен храм.
Според поедини претпоставки, црквата после големиот земјотрес кој се случил во 740 година, потонала во езерото и се појавила после 1500 години.
Инаку, нејзината изградба воедно претставува почеток на изградбата на другите храмови низ цела мала Азија, односно во градовите каде живеел христијански народ.Тоа само ја потврдило легендата за постоење на голема историска црква која датира уште од четври век, а која е посветена на апостолот Павле.

Пронајдете не на следниве мрежи: