Јанева денес треба да изврши увид во доказите во ЈО

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ денеска треба да изврши увид во доказите во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал.
Ова завчера го најави нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска кога заедно со Јанева беа во Обвинителството за да бидат известени дека е завршена истражната постапка, по што Јанева беше вратена во Затворот Скопје каде што издржува мерка притвор за овој случај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.